МК | EN | FR | DE
Голем успех за нашата Гимназија, за градот и спортот приредија ученичките од спортската екипа во ракомет, освојувајќи го второто место на државното првенство во ракомет во организација на Федерацијата за училишни спортови кое заврши во средата на 08.05.2019г.
Предводени од професорот по спорт Даниел Василески, гимназијалките ги поминаа сите нивоа како шампиони на општинскиот, зонскиот и регионалниот турнир. Фактот што „Мирче Ацев“ се враќа меѓу најдобрите во државата по повеќе од 10 години само ја зголемува тежината на овој успех.
За натпреварите рекоа:
Лилјана Димитрова - капитен: Среќни сме што постигнавме ваков голем успех, предходеа многу подготовки, тренинзи. Тимскиот дух кој го наметна професорот не натера да бидеме сплотени. Достојно ја претставивме Гимназијата и ја вративме во врвот каде и заслужува да биде;
Емилија Јовеска - капитен: Се подготвуваме, беше напорно. Изигравме повеќе од 10 натпревари во Прилеп, Битола, Струмица, Скопје но крајот го краси делото. Се радувам за целата екипа;
Даниел Василески- професор: Честитки за девојките! Беа на висина на задачата. За време на тренинзите и натпреварите покажаа дисциплина, истрајност и желба за напредок. Благодарност за поддршката и разбирањето на сите кои овозможија да донесеме ваков голем успех во нашата Гимназија и во градот Прилеп после долги години.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.