МК | EN | FR | DE
Спортскиот сектор на Ученичкиот парламент при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“– Прилеп, заедносо професорите по спорт и спортски активности и со поддршка од директорот Димче Настоски, во петокот, во училишната спортска сала реализираа 8мо мартовски хуманитарен турнир во баскет.
На настанот учествува 32 училишни екипи од по 4 членови во секоја екипа (3+1). Се изиграа вкупно 32 натпревари. Победник на турнирот беше екипата „187 Strassenbande“, второ место беше екипата „Оксиди“, а третото место им припадна на екипата „GimnazijaAllStars“.
Прогласувањето на победницитего направи директорот Димче Настоски.
Победничката екипа се закити со медали и дипломи, второ и трето пласираните екипи добија дипломи, а трофејот за најдобар играч го доби Илија Локвенец.
Собраните средства од турнирот ќе се искористат во хумани цели.
Текст: Викторија Дунимаглоска
Фотографија: Горан Попоски
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.