МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
По повод патрониот празник
 

Patronat

   Со низа активности  гимназијата „Мирче Ацев“ го одбележа патрониот празник.  Одржани беа турнири во шах, пинг-понг, кошарка и одбојка, реализирана беше поетска вечер „Љубовден“, Положено беше цвеќе на Могилата на непобедените, на бистите во Алејата на народните херои и на бистите на Мирче Ацев во училишниот двор и во дворот на прилепската касарна, поставена беше ликовна изложба во фоајето на градскиот театар „Војдан Чернодрински“ во кој беше одржана и свечената академија.
   Во чествувањето на 76-годишнината од загинувањето на херојот „Мирче Ацев“ се вклучи и градоначалникот Илија Јованоски, претставници на Локалната самоуправа и претставници од Сојузот на борци – Прилеп.

   На Свечената акдемија свое обраќање имаше градоначалникот Илија Јованоски, со неколку точки настапи гимназискиот хор под диригентство на м-р Татјана Ивановска, до присутните се обратија професорите Емона Јованоска и Дарко Ристески, па следуваа поетски разговори на тема тага, копнеж, љубов. Во форма на разговор цитати од признати поетски имиња интерпретираа учениците Сара Атанасоска, Натали Десоска, Петар Секулов, Марија Димеска, Елена Соколоска, Марија Трајкоска, Андреј Патлиџаноски, Ивана Тодороска, Стефани Мирческа, Леона Митревска, Христијан Тунески, Михаела Насеска, Давор Аврамоски, Катерина Божиноска и Иван Неделкоски, а музичкиот вокал кој ги поддржуваше беше на Михаела Аџиоска.
   За музичкиот дел со вокални изведби се погрижија Марија Ристеска, Петар Андоновски, Теодора Димеска и Анѓел Ѓорѓиоски а со инструментална изведба се претставија Мила Ристеска на флејта, Кирил Кузманоски на електрична гитара и Илија Бозоски на труба.
   На крајот присутните ги поздравија и ја одјавија програмата професорките Весна Михаиловска и Стефани Видеска.

   За програмскиот дел на свечената акдемија се погрижија професорите Емона Јованоска (координатор) , Весна Михаиловска, Татјана Ивановска, Дарко Ристески и Стефани Видеска. За ликовната изложба се погрижија професорите Гордица Димитриевска Груеска и Александар Џинго кој воедно ја осмисли и ја реализира сценографијата на академијата. Озвучувањето на Академијата беше на Тони Сваќароски.

   Сите активности беа во координација со Ученичкиот парламент при нашето училиште и целосно поддржани од директорот Димче Настоски.

Фотографија: Горан Попоски

и Општина Прилеп


Објавено на: 06 Јан 2019

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија