МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
POP UP фестивал
 

pop-up-festival-2019

   Во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ на ден 15.12.2019 година се одржа POP UP фестивалот. Во истиот беа вклучени осум волонтери-професори меѓу кои Весна Паноска, Дарко Ристески, Мартина Вељаноска, Биљана Стојаноска, Кети Ефремоска, Мартин Наумоски и координаторката на проектот професорката Стефани Видеска.
   Со поддршка од страна на директорот Димче Настоски во овој фестивал беа вклучени 120 ученици кои беа дел од најголемата светска лекција поврзана со емоционалната интелигенција кај детето.
   Фестивалот се одржуваше во четири училници, а во секоја од нив имаше по 30 ученици и двајца професори-волонтери.

  Низ осумте игри кои беа изведени во секоја од училниците ние како професори се обидовме да ја зајакнеме емоционалната интелигенција кај децата. Задоволни сме од нивната соработка, од отвореноста, бидејќи ученикот многу полесно ќе го научиме како да учи, но ретко го учиме да ги искажува чувствата.

   Фестивалот го завршивме полни со среќа, со уште едно стекнато искуство, со насмевка и видлива среќа кај нашите ученици. Учениците презадоволни од реализацијата на фестивалот соопштија дека присуствувале на најдобрата одржана животна лекција. Со нови сили продолжуваме со следна соработка со EQ Excellence кој е во партнерство со Six Seconds и УНИЦЕФ.


Објавено на: 26 Дек 2019

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија