МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
Матурантката Симона Тошеска
државен првак по германски јазик
 

Натпревар по германски јазик

   На 23 април 2019 година во ОУ „Коле Неделковски“ во Скопје се одржа државниот натпревар по германски јазик. Од нашата гимназија зедоа учество 8 ученици, под менторство на професорките Мимоза Конеска, Елена Келтаноска Лашкоска и Бети Наумческа, коишто покажаа дека во прилепската Гимназија се негува германскиот јазик и се изучува со голема љубов и посветеност.
   Од натпреварувачите најуспешна беше матурантката Симона Тошеска од IV година, којашто под менторство на професорката Елена Келтаноска Лашкоска повторно го освои првото место и стана државен првак по германски јазик во категоријата IV година.

регионален натпревар германски 2019

   Претходно, на 6 април 2019 година во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп се одржа регионален натпревар по германски јазик на којшто учествуваа вкупно 116 ученици од основните и средните училишта од Прилеп, Битола, Кавадарци и Демир Хисар.

професорки по германски

професорки по германски јазик

   Од нашето училиште учествуваа вкупно 13 ученици од 1, 3 и 4 година, коишто постигнаа одлични резултати и се пласираа за учество на државниот натпревар во Скопје:

1 година:
•    Марија Јошеска – 1 место (ментор: Бети Наумческа)
•    Дора Јованоска (ментор: Бети Наумческа)
•    Евгенија Гагалеска -3 место (ментор: Бети Наумческа)
3 година:
•    Кристина Дојкоска – 2 место (ментор: Елена Келтаноска Лашкоска)
•    Софија Станческа – 3 место (ментор: Мимоза Конеска)
4 година:
•    Симона Тошеска – 1 место (ментор: Елена Келтаноска Лашкоска)
•    Георги Шокоски – 1 место (ментор: Елена Келтаноска Лашкоска)
•    Елена Здравеска – 2 место (ментор: Елена Келтаноска Лашкоска)  


Објавено на: 30 Апр 2019

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија