МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
Прво место
за гимназискиот тим за прва помош

    Ученици од прва и втора година со освојувањето на првото место ја продолжија гимназиската традиција на победи на општинските натпревари за прва помош, организирани од Црвен крст на Република Македонија. Со овој успех, екипата се пласира на државниот натпревар во прва помош.

Прво место по прва помош

   Натпреварот кој се одржа на 11 мај, се состои од неколку работни позиции каде учесниците на тимот ги санираат повредените. Сосема заслужено, првото место е освоено со одземени само неколку поени, со голема разлика во поените од второпласираната екипа. Тоа го докажува нашиот вложен труд, посветеноста на секој член од тимот и на менторот и поддршката од самата Гимназија.

   Искуството е незаборавно, стекнуваме нови знаења, пријатлели, се дружиме, победуваме.
   Тимот кој е под менторство на проф. Гоце Ѓорѓиоски е во следниот состав:

Сашо Јандрески – раководител на екипа
Васе Колароска – капитен
Ивана Стефаноска – реанимација
Марија Самарџиоска – ренаимација
Сара Ристоска – повреди на екстремитети
Сашо Јандрески-повреди на екстремитети
Искра Кузмановска- повреди на абдомен
Евгенија Котеска-повреди на граден кош

   Тимот изразува голема благодарност за успешното водство од страна на менторот и досегашната подршка од целиот колектив на Гимназијата.

   Продолжуваме со истото темпо, успех на државно ниво!

Со почит,
Тим за прва помош.


Објавено на: 25 Мај 2019

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија