МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
Музички успеси на гимназијалците
 

Natprevar po muzicka umrtnost

   Во сабота, на 20.април 2019 год. во нашето училиште се одржа Регионалниот натпревар од областа на музичките активности, односно смотри  на хорови,  оркестри / бендови и вокални солисти.

училишен хор

   На натпреварот учествуваа и нашиот мешан хор (80 ученици), оркестар (14 ученици), училишниот бенд (Огнен Цветаноски- соло гитара, Горазд Илиески- ритам гитара, Бранислав Попоски- бас гитара, Марко Тодороски- удиралки) и пет вокални солисти (Ангела Зероска, Теодора Димеска, Марија Ристеска, Елеонора Гацоска, Деспина Јованоска).
   Хорот настапи со ренесансната четворогласни композиции „Matona mia cara“ од Orlando di Lassoи „Ода на радоста“ од Ludwig van Beethoven, a оркестарот со народната песна „Со маки сум се родила“(аранжман Татјана Ивановска) и „Summer time“ од операта „Porgy and Bess“ od George Gershwin (аранжман Татјана Ивановска).
   Бендот ги свиреше композициите „Ending credits“ (Opeth) и „Child of the highlands“ (Adrian von Ziegler).
   Според бодирањето од стручната жири комисија, нашите ученици ги постигнаа следните резултати:

•    Хор- Прво место (100 бода);
•    Оркестар – Прво место (97 бода);
•    Бенд – Второ место (88 бода);
•    Ангела Зероска со песната „I Have Nothing“– Прво место (100 бода);
•    Теодора Димеска со песната „Angel“ – Прво место (100 бода);
•    Марија Ристеска песната „Jar of Hearts “– Прво место (98 бода);
•    Елеонора Гацоска со песната „Hello“ – Прво место (96 бода);
•    Деспина Јованоска со песната „Writing’s On The Wall “– Прво место (93 бода).

   Диригентот на хорот и оркестарот, а истовремено и ментор на бендот и вокалните солисти  е д-р Татјана Ивановска.


Објавено на: 29 Апр 2019

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија