МК | EN | FR | DE
На ден 05.06.2019 година во просториите на Гимназијата „Мирче Ацев“ се одржа настанот со наслов „Промоција на активностите поврзани со Ресурсниот пакет за ученичко учество и заштита на детските права“. Во овој настан учевство зедоа претседателот на ученичкиот парламент, ученикот правобранител и неговите заменици и координаторите на секторите при Ученичкиот Парламент во Гимназијата.
На настанот се промовираа дел од активностите од учениците кои се реализираа во текот на учебната 2018/19г.
Се претставија и ученици кои во текот на учебната година се закитија со награди освоени на натпреври.
Настанот беше збогатен со музички изведби и литературни настапи на учениците.
Присутни гости беа и претставници на Бирото за развој на образованието и тоа: Советниците за образование Даница Талимџиоска и Оливера Тодороска како и директорите на средните училишта во нашиот град.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.