МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
Трето место на интернационалниот натпревар „RoboMac“
 

treto mesto RoboMac

   Од 18.03.2019 г.  до 23.03.2019 г. на  ФЕИТ во Скопје се одржа Интернационален  натпревар за роботика и вештачка интелегенција „RoboMac“ т.е. натпревар  за програмирање и управување на едукативни роботи eduRobot на Atronika, со цел  да се популаризира роботиката меѓу учениците и младите во Македонија и регионот.

   Нашиот ученик Бранислав Попоски од III год. во тим со ученикот Давид  Атанасоски од СОУ „Ристе Ристески- Ричко“ го освоија  третото место во категоријата Sumo во која учествуваат 5 тима и тоа студенти од Србија , од ФИНКИ, од  ФЕИТ и ученици од  „Јахја Кемал“.

   На овој натпревар паралелно се реализира и јуниорски натпревар  „RoboMac“ на кој  учествуваа околу 40 средношколци. Во јуниорскиот натпревар нашата ученичка Симона Тошеска од IV година работејќи во тим со двајца ученици од средните училишта  „Никола Карев“ и „Јосип  Броз Тито“ од Скопје го освоија петтото место.

   Освен натпреварувањето, овој настан имаше и едукативен карактер каде што професори и експерти одржаа предавања во кои се изучуваат основни знаења и принципи на роботиката.


Објавено на: 27 Мар 2019

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија