МК | EN | FR | DE
Од 13-ти до 15-ти декември по 13-ти пат во организација на „Nova International Schools“ се одржа симулацијата на Модел Европски Парламент (MEP). На овогодинешниот настан учествува ученици од 11 гимназии од цела Македонија во тимови по 4 делегати, секој претставник на различен комитет.
Оваа година нашите делегати ја претставуваа Словенија и ги решаваа проблемите на Европска Унија.
Првиот ден е секогаш посветен на зајакнување на тимовите и тимската работа. Вториот ден се дебатира и се формира резолуција на одреден проблем, а третиот ден во Градското Собрание на град Скопје се бранат формираните резолуции.Официјален јазик на симулацијата е Англиски.
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ зема учество на овој настан секоја година. На оваа симулација, наши претставници беа Камелија Патоска, Дора Јованоска и Никола Димовски, а нивен ментор професорката по англиски јазик Кети Ефремоска, која секоја година успева најдобро да ги припреми тимовите.
Оваа симулација покрај натпреварувачки има и едукативен карактер, со тоа што учениците се запознаваат одблиску со работата на Европскиот Парламент и ги унапредуваат своите дебатирачки и говорни способности.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.