МК | EN | FR | DE
Нашата Гимназија секоја година со низа активности го одбележува Месецот на Франкофонијата. Овогодинешното одбележување започна во петокот, на осми март, кога нашата Гимназија беше домаќин на светскиот патник Сара Жислер.
Сара Жислер е млада писателка од Швајцарија која патува низ светот и пишува патеписи, содржински богати, нежни и со доза на хумор. Својата творечка животна приказна ја започнува на 20 годишна возраст, кога со авто-стоп и без пари во џебот ја прошета цела Европа. Доживеаното, Сара го напишала во својот роман „Малечка“ кој постигнува голем успех, а преведен е и на македонски јазик. Нејзините патувања не запираат, таа и понатаму патува низ светот и твори.
Настанот замислен како книжевна средба, се претвори во вистинска топла, искрена дружба меѓу учениците и гостинката кои и генерациски се многу блиски.
Учениците беа воодушевени од излагањето на младата писателка, на која ѝ поствија многу интересни прашања, ... за нејзините впечатоци од престојот во Македонија, која е нејзина животна девиза, што ја инспирирало да направи таков чекор, кои се најчудните обичаи што ги сретнала за време на патувањата по светот, кои ѝ биле најтешки моменти, што им препорачува на младите за успех во животот, кои се нејзините идни планови ...
Непосредно и искрено Сара одговараше на сите прашања, а ги најави и своите идни планови: Патување во Нов Зеланд, нови дела, нови пловидби по морската шир со својата штотуку купена едрилица ...
Во придружба на Сара, гостин на нашето училиште беше и г-ѓа Љупка Димова, Лингвистичко аташе и Дирекор за настава по француски јазик во Француски институт - Скопје.
Координатор на средбата беше Мирјана Бошковска, професорката по француски јазик од нашата Гимназија.
Настанот целосно беше следен и поддржан и од директорот на Гимназијата, Димче Настоски.
Фотографија: Горан Попоски
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.