МК | EN | FR | DE
По повод Светскиот ден на храната – 16ти октомври, во Гимназијата Мирче Ацев се организираше дебата на темата: „Здравата исхрана е физички и ценовно достапна за секого“.
На дебатата учествуваа ученици од IV-7 и III-8 клас во координација на професорката по биологија Петкана Цветкоска.
Учениците беа поделени во две групи, успешно дебатираа на актуелната тема, ги бранеа своите ставови и донесоа заеднички заклучоци:
- Здравата храна е достапна за секого
- Конзумирајте квалитетна и разновидна храна
- Јадете редовно без брзање
- Одделете доволно време за вашиот оброк
На дебатата беа присутни и директорот на Гимназијата, Димче Настоски, професорката по Македонски јазик Емона Јованоска и педагогот Светлана Барлакоска.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.