МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
Аплаузот и овациите,
најголема награда за гимназијалците

   Teatar Frankofonija Mostar

  По повод Денот на Европа, на 9 и 10 мај, во Мостар, Босна и Херцеговина, се одржуваше фестивал на средношколски франкофонски театар. Темата на овогодинешното издание на фестивалот беше „Европа ја слави културната и јазичната разновидност“. Фестивалот имаше ревијален карактер и на истиот за првпат учествуваше театарска претстава од нашата држава.
   Организатор на фестивалот беше Францускиот институт од Сарајево со огранокот од градот Мостар раководен од г-ѓа Јасмина Звониќ.
   На фестивалот учество зедоа 9 театарски групи од средни училишта од пет балкански држави. Меѓу нив беше и театарската група од нашата Гимназија, како официјален претставник од нашата држава.
   Со свои театарски претстави настапија учениците од следните училишта:
   „Слободан Шкерович“ од Подгорица, Црна Гора; „Гимназија Обала“ од Сарајево, Босна и Херцеговина; „XVI Гимназија“ од Загреб, Хрватска; „Друга гимназија“ од Мостар, Босна и Хервеговина; „Сергије Станиќ“ од Подгорица, Црна Гора; „Нико Роловиќ“ од Бар, Црна Гора; „Билингвално училиште“ од Мостар, Босна и Херцеговина; „Светозар Марковиќ“ од Ниш, Србија и СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ од Прилеп, Македонија.

   Надвор од фестивалската програма, за професорите и за учениците франкофони, одржани беа театарски работилници „Од текст до сцена“ кои ги водеше режисерот Жан-Лук Оливие од Бордо (Франција).

   Театарските претстави на учениците беа прикажувани во два дена. Првиот ден, петта по ред беше нашата гимназиска претстава „Желбите на Демократија“ , од швајцарската авторка Емануел Дел Пиан, една од претставите од “10 sur 10” , на Драмедукасион – Интенационалниот центар за Франкофонски театар во Полска.

   Десетте прилепски гимназијалци ја запоседнаа сцената. Беспрекорно сигурни, како вистински професионалци, го задржаа вниманието на полната сала публика, изнудија насмевки, овации и бурен долготраен аплауз на крајот на претставата.

   Задоволството на крајот на претставата беше видливо и кај публиката и кај нашите „вистински“ глумци. Настапот беше супериорен и со квалитетот доминираше на фестивалот.

   Честитки за успешниот настап следуваа од сите присутни професори по француски јазик, од учениците од другите театарски групи како и од Јасмина Звониќ - претставникот на Францускиот институт од Босна и Херцеговина во Мостар, Нермина Халкич - раководителот на секторот за култура при Францускиот институт од Босна и Херцеговина и од заменик - директорот на Францускиот институт во Босна и Херцеговина, Ред Фор-Абу Зеде.

   Фестивалот го затвори и на учесниците им додели дипломи францускиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Гијом Русон.

   Театарската група ученици ја сочинуваа: Марија Ацеска , Димитар Шопески, Веселина Јованоска, Наум Ѓорѓиески, Лилјана Јованоска , Николче Јакимоски, Ненад Смилески, Андријана Лимбевска, Тамара Тасеска  и Ведрана Петреска.
   Ментор на учениците им беше професорката по француски јазик Мирјана Бошковска, која ја имаше улогата на режисер и беше раководител на целиот проект.
   Во подготовката и реализацијата на претставата вклучени беа професорот по историја Николче Богданоски, кој е автор на музиката, одговорен за сценографијата, дизајнот на светлото и организациско-техничките подготовки и проф. Александар Џинго, одговорен за шминката, костимографијата и сценографијата.

   Сите фази на подготовката и реализацијата на претставата поддржани беа од директорот на Гимназијата, Димче Настоски.


   СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп искажува јавна благодарност на Конфекција „Кули“ – Прилеп која спонзорираше дел од сценографијата и костимографијата на претставата.

   Екипата ученици и професори вклучени во претставата им искажуваат благодарност на персоналот во СтарМо Дизајн Хостел и на Џенан Бехмен и Амер Чатич, технички персонал во куклениот театар во Мостар.


Објавено на: 14 Мај 2019

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија