МК | EN | FR | DE
Нина Насеска, ученичка од нашата Гимназија, го освои првото место со расказ, на литературното читање организирано од СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ кое се одржа на 29 ноември 2019 во Градската библиотека.
Темата на литературното читање беше „Светската недела во спомен на настраданите од сообраќајни незгоди.“
На литературното читање учествуваше и гимназијалката Исидора Илиоска со своја лична творба.
По повод празникот Св.Никола, Здружението на литературни творци од Прилеп, распиша конкурс на слободна тема на кој Нина Насеска го освои првото место за расказот „Белее“.
Ментор на Нина ѝ е професорката по македонски јазик и литература, Христина Кочоска.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.