МК | EN | FR | DE
Во координација на проф.Ружа Ангелеска и Младинскиот парламент на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, по четврт пат беше спроведена Хуманитарна акција и дружење за децата без родители сместени во згрижувачки семејства во Прилеп.
Оваа година главен покровител и домаќин на ова дружење именувано како „Еден поинаков ден“ беше пицеријата „Академи“, а во хуманитарната акција се вклучија и КДС Кабелнет и Анче Хаџиристеска кои на децата им подарија Новогодишни пакетчиња.
Гимназијалците ги израдуваа децата со скромни подароци, насмевки, песни и забава.
Емоциите на дечињата и присутните беа само дел од овој поинаков ден за сите кој покажува колку малку треба да споделиме, а многу да придонесеме.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.