МК | EN | FR | DE
На 17.11. 2019 год, по повод Месецот на книгата, во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“- Прилеп се одржа традиционалниот натпревар за најдобра лична творба.
На натпреварот учествуваа ученици од сите основни и средни училишта во нашата општина.
Во категоријата на ученици од средните училишта гимназијалците постигнаа вистински успех.
Првото место за поетската творба „Пусти желби“ ѝ припадна на ученичката Теона Ацеска од IV-3 клас, под менторство на проф. Мартина Вељаноска.
Во истата категорија, третото место за најдобра поетска творба му припадна на ученикот Благоја Младеноски од II-8 клас со песната „Отсјај“, под менторство на проф. Стефани Видеска.
Во категоријата за најдобра лична творба-проза, првото место ѝ припадна на ученичката Елена Николоска од II-6 клас со прозниот текст „За дедовото огниште“, под менторство на проф. Мартина Вељаноска.
Втората награда ја освои ученичката Ерика Јованоска од II-8 клас, со прозниот текст „Верба во себе“, под менторство на проф. Стефани Видеска.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.