МК | EN | FR | DE
Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија „ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА“ во вторникот, на 26.03, по петти пат го организираше „Виолетовиот ден“.
Поддршка на овој настан дадоа и нашите гимназијалци. На настанот кој се одржа на градскиот плоштад Методија Андонов-Ченто во Прилеп, претставници од ова здружение побараа поголема поддршка од пошироката заедницата за полесно справување со проблемите со кои се соочуваат при вработување. Исто така, од здружението „Епилепсија Македонија“ бараат лекарствата за справување со епилепсијата да бидат на позитивната листа.
Дваесет гимназијалци им дадоа поддршка на своите сограѓани со нивното присуство, но тоа не е се! Вредните ученици делеа летоци на случајните минувачи со цел да се прошират знаењата за епилепсијата, но и да знаат како можат да им помогнат на лицата со епилепсија во нивната интеракција.
СИТЕ ЗАЕДНО СТАВИВМЕ ВИОЛЕТОВИ ПАНДЕЛКИ и со тоа се надеваме дека дадовме мал придонес за овие луѓе!
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.