МК | EN | FR | DE
На 19 март, во просториите на ФОН Универзитетот, Сојузот на математичари на Македонија организираше натпревар по математика за учениците од средните училишта.
На натпреварот како и секоја година, учествуваше и нашата Гимназија со неколку ученици кои се пласираа претходно со резултатите на регионалните натпревари и тоа: Дукоска Ивана, Павлеска Михаела, Тошеска Симона, Георгиеска Ана, Премчески Славчо, Талески Илчо и Коцески Ѓорѓи.
Од натпреварувачите кои го претставуваа нашето училиште најголем успех постигна Ѓорѓи Коцески, ученик во прва година кој го освои второто место со што обезбеди учество на математичката олимпијада. Ментор на Ѓорѓи му е професорката по математика Маријана Спиркоска.
Пофалници за успешно учество им беа доделени на учениците Дукоска Ивана, Павлеска Михаела, Премчески Славчо и Талески Илчо.
Се надеваме дека Ѓорѓи ќе ја продолжи долгогодишната традиција на нашите ученици, за учество на меѓународните математички натпревари.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.