МК | EN | FR | DE
Во петокот, на 22 април, во Домот на културата „Марко Цепенков“ се случи најубавиот и незаборавен музички настан во нашиот град. Гимназијата „Мирче Ацев“ по шести пат го реализира музичкиот фестивал ГИМФЕСТ.
Преполната сала е сведоштво за големиот интерес кај нашите ученици, родители и сограѓани за фестивалот.
Како и досега, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, го прогласи фестивалот за отворен. Во краткото обраќање, Градоначалникот потенцираше дека ГИМФЕСТ од година во година прераснува во современ музички фестивал, кој негува високи музички квалитети, придонесува за ширењето на вистинските вредности во културата и позитивно влијае кај младите луѓе од нашиот град. Според Градоначалникот, гимназискиот музички фестивал ГИМФЕСТ, може да се вброи во најквалитетните музички фестивали во Македонија.
Потоа, пред публиката се претставија 20 ученици од нашата Гимназија кои интерпретираа познати песни од светски и македонски изведувачи.
На крајот на фестивалот, непосредно пред прогласувањето на победниците, на сцената застанаа гостите на вечерта, групата „Љубојна“ и во дваесетминутниот настап со своите изведби на познати македонски народни песни ја дигнаа публиката на нозе.
На фестивалот настапија солистите: Наташа Ристеска, Ивона Нанческа, Кирил Илиески, Марија Дунимаглоска, Теодора Јовеска, Натали Китаноска, Симона Илиоска, Бистра Петреска, Ивана Кормушоска, Магдалена Кузманоска, Марио Ангелевски, Михаел Милошески, Ивана Илиоска, Јордан Аризанкоски, Меланија Тодороска, Доротеа Дамјановска, Марко Маркоски, Анастасија Христоска, Филип Шабаноски и Ангела Зероска.
Водители на ГИМФЕСТ 2016 беа Елиза Миновска, Филип Димовски и Ангела Јошевска.
Откако заврши натпреварувачкиот дел, жири комисијата ги сумира резултатите и ги избра победниците:
Трето место - ФИЛИП ШАБАНОСКИ
Второ место - АНГЕЛА ЗЕРОСКА
Прво место - МАРИО АНГЕЛЕВСКИ
Жири комисијата ја сочинуваа: Советникот по музичка култура при Бирото за развој на образованието, Горан Стојанов и професорите по музичка култура м-р.Татјана Иваноска, проф.Наталија Гарбеска, проф.Марија Димоска и проф.Драган Вељковиќ.
За ГИМФЕСТ 2016, се погрижија членовите на комисијата за реализација на фестивалот: М-р Татјана Ивановска, проф.Мартин Наумоски, проф. Кети Ефремоска, проф. Николче Богданоски, проф. Марта Макеска, проф. Гордица Димитриевска Груеска, проф.Софија Крстеска и директорот Кире Николоски.
Во подготовките и реализацијата на фестивалот активно вклучена беше и Младинската заедница од Гимназијата.
Собраните сретства од фестивалот ќе се донираат за хуманитарни цели.
Фотографија: Горан Попоски, Бојан Илиески и Христијан Јанкоски
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.