МК | EN | FR | DE
Четиринаесетти февруари е ден кој, веќе традиционално е резервиран за учениците од нашата Гимназија кои преку убав збор, дружба и музика го чествуваат Св.Трифун. И оваа година на овој датум гимназијалците со поезија и музика го одбележаа овој празник на виното и љубовта.
Овогодинешното издание на оваа поетско-музичка дружба се одржа под отворено небо, а таму задоволството да се присуствува беше заедничко, како кај гостите така и кај учесниците во настанот.
Ред убава поезија, ред квалитетна македонска музика дополнети со топол чај, вино, печени костени и логорски оган беа само дел од настанот кој покажа дека гимназијалците се способни да донесат нова свежина и да го подигнат нивото на квалитетни настани во нашиот град и пошироко на повисоко ниво.
„Гимназиската седенка“ како што беше наречен настанот донесе емоции и убави моменти кои нема да се заборават.
Фотографија: Бојан Илиески
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.