МК | EN | FR | DE
Гимназиските спортисти со голем подвиг ја завршија десеттата Гимназијадата која оваа година од 5-ти до 7-ми мај се одржа во Куманово. Нашите училишни спортски екипи освоија две втори места, а второ место освои и нашиот ученик Леонид Вандевски.
Леонид до среброто дојде натпреварувајќи се во атлетика, трчање на 1000 метри.
Ракометарите имаа тежок пат до финалето, но под раководство на проф. по спорт Даниел Василески извојуваа победи над екипите на средни училишта од Скопје, Струга и Делчево и го освоија среброто.
Сребрен медал и второ место во конкуренција на сите средни училишта во државава е задоволство за сите.
Ова се учениците кои се вистински херои.
1. Јане Јанески
2. Давор Илиоски
3. Јане Нешкоски
4. Антониј Мисаилески
5. Христијан Милошески
6. Горан Кочоски
7. Дино Стојаноски
8. Филип Ристески
9. Бојан Стојаноски
10. Стефан Ангелевски
11. Евгениј Темелкоски
12. Стефан Тошески
13. Александар Рикалоски
14. Ѓорги Боцески
Мора да ги споменеме и учените кои се дел од екипата, но од оправдани причини не беа во можност да бидат дел од гимназијадата.
15. Давор Шокоски
16. Методи Илиески
17. Алек Чупетрески
Со нив ќе атакувавме за ЗЛАТО.
И женската футсалска екипа од нашата Гимназија, под водство на проф. по спорт Бранко Дисоски, успешно го зврши својот настап на гимназијадата освојуваќи го второто место. Женската екипа во футсал ја сочинуваат:
1. Ѓорѓиоска Јована
2. Митаноска Христина
3. Белистојаноска Марија
4. Иваноска Димитринка
5. Велеска Даниела
6. Богеска Сара
7. Аџиоска Светле
8. Трајкоска Ангела
9. Тренеска Јулијана
10. Даскалоска Елеонора
Заедничка фотографија во училишниот двор
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.