МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Свечено доделување на дипломите

 

   Во петокот, на 12.08, во просториите на Гимназијата, се одржа свеченост на која им беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2012 - 2016.

   На свеченоста кратко обраќање имаше градоначалникот Марјан Ристески кој потенцираше дека гимназијата е расадник на интелектуалци кои постигнуваат врвни резултати, секој во својата област, им честиташе на матурантите и им посака успех во понатамошното образование и живот.
   Потоа присутните ги поздрави директорот на гимназијата, Кире Николоски, кој им честиташе на матурантите посочувајќи дека оваа генерација била посебна по тоа што учениците постигнале врвни резултати и освоиле многу награди на државни и меѓународни натпреварувања во различни области.
   На крајот пред присутните гости, професори и свои соученици, се обратија и првенците на генерацијата, Стефан Неделкоски и Марко Маркоски по што се пристапи кон доделувањето на дипломите, радосниот чин за секој матурант.

 

 


Фотографија: Бојан Илиески

   Погледнете и кратко видео од настанот:



   Завршното видео, на матурантите од генерацијата 2012 - 2016


Објавено на: 14 Авг 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија