МК | EN | FR | DE
На 27.12.2016 во Арт кафе- Апореа во рамките на одбележувањето на патрониот празник на училиштето Гимназијата „Мирче Ацев“ организираше поетска вечер. Оваа поетска вечер ја именувавме „Треперења“. Традиционално веќе по седми пат организиравме уште едно поетско дружење исполнето со љубовни стихови и прекрасна музика. Како што треперело перото на македонските автори додека ги пишувале своите дела, така трепереа гласовите на учениците интерпретирајќи ги истите.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој е редовен гостин на сите досега реализирани поетски вечери во организација на Гимназијата. Градоначалникот истакна дека гимназијата „Мирче Ацев“ е вистинска гордост за градот и дека секогаш таа е движечка сила на културните настани во градот.
Љубовната болка и неостварената љубов секогаш била најголема инспирација на оние кои се дружеле со перото а Стефани Мирческа, Сања Котеска, Сарa Атанасоска, Ивана Дукоска, Огнен Цветаноски, Елена Ангелевска, Леона Митревска, Давор Аврамоски, Андреј Крстев, Надица Чолаковска, Димитар Цветаноски, Катерина Божиновска, Марија Јорданоска, Стефанија Стефаноска, Депина Сиљаноска, Теодора Тасевска, Елеонора Михаиловска, Виктор Николоски, Цвете Јанеска, Давид Гагалески, Александра Илиеска и Трајче Маџоски ги пренесоа емоциите на Кочо Рацин, Гане Тодоровски, Цане Андреевски, Петре М. Андреевски, Ацо Шопов, Јован Котески, Радован Павловски и други македонски автори.
Низ македонските мелодии оваа вечер не водеа Михаел Милошески, Бистра Петреска, Анастазија Христоска, Теодора Јовеска, Ана Петреска, Ивона Нанческа, Гоце Илиески, Андреј Танески, Стефан Костоски, Ангела Зероска и Филип Шабаноски.
Водители на оваа вечер беа Деспина Сиљаноска и Теодора Тасевска.
Безрезервната поддршка на родителите и професорите беше мотивацијата на учениците да заблескаат во најдобро светло и да им овозможат незаборавни мигови на присутните. Оваа вечер беше поразлична со тоа што професори и родители беа дел од програмата како рецитатори и музичари.
- Соработаката меѓу професорите и ученицата е основата за успехот и тоа можевме да го видиме во изведбата на Хрватската народна песна „Ружица си била једна у мом срцу“ од страна на професорите Марина Попоска и Маринко Шлакески и учениците Ангела Зероска и Гоце Илиески.
- Елена Ангелеска и нејзиниот татко Тони Ангелески рецитираа „Не заборавај да бидеш среќен“
- Марија Котеска, мајката на Сања Котеска рецитираше „Лузна“
- Го проследивме и музичкиот настап на Божидар Цветкоски и неговиот татко Александар Цветкоски
- Како и музичкиот настапот на Филип Шабаноски и неговиот татко Борче Шабаноски
- Професорите Марина Попоска и Маринко Шлакески заедно со учениците Ангела Зероска и Гоце Илиески ги проследивме и на крајот од програмата со изведба на уште една популарна песна.
Оваа вечер имаше и хуманитарен карактер. За да и помогнеме на малата Евгенија Јоноска на која итно и е потрбно лекување во странство, Младинската заедница на Гимназијата собра прилози од присутните.
Музиката и поезијата го заслужуваат почесното место на овој свет. Ова едночасовно занемарување на секојдневниот свет сигурно им ја разубави вечерта на присутните кои од година во година ги има во се поголем број.
Ментори на настанот беа професорите Весна Михаиловска, Татјана Иваноска и Ленка Јованоска, а техничката реализација беше на Николче Богданоски.
фотографија: Горан Попоски,
Бојан Илиески и
Петар Кироваков
Плакатот и поканата за настанот ги изработи Александра Ќорвезироска
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.