МК | EN | FR | DE
XXVII-иoт Државен натпревар по информатика - област програмирање се одржа на 26-03-2016 год. во просториите на ФИНКИ и во организација на Здружението на информатичари на Р. Македонија.
Од СОУ Гиманзија „Мирче Ацев“ Прилеп учествуваа 4 ученици кои претходно, на XXIV-тиот Регионален натпревар кој се одржа на 28.02.2016 год. во Охрид ги постигнаа следните резултати:
- Марко Маркоски – ученик од IV год. освои I награда - ментор проф. Анкица Стеваноска Јанческа
- Андреј Мрчески - ученик од II год. освои III награда – ментор проф.Анкица Стеваноска Јанческа
- Горазд Илиески - ученик од I год. доби пофалница за успешно учество – ментор проф. Анкица Стеваноска Јанческа
- Владимир Стојчески - ученик од III год. доби пофалница за успешно учество – ментор проф. Анета Стојческа
На Државниот натпревар учениците ги постигнаат следните резултати:
- Марко Маркоски – ученик од IV год. освои II награда
-Горазд Илиески - ученик од I год. освои III награда
-Андреј Мрчески - ученик од II год. доби пофалница за успешно учество
Ментор на овие натпреварувачи им е проф.Анкица Стеваноска Јанческа.
Поради успехот, Марко Маркоски доби стипендија за бесплатно школување на ФИНКИ, а ќе биде поканет и за учество на Македонската Олимпијада по информатика.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.