МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Ден на екологијата

 

   На 21 Март 2017 година Гимназијата „Мирче Ацев“ го одбележа Денот на екологијата.
   Веќе  традиционално во рамките на одбележувањето на овој ден се организираат различни еко-активности.

   Беше организиран литературен конкурс  и конкурс за најдобра фотографија на тема „Планетата Земја бара спас“. Комисијата во состав од професорите Весна Михаиловска, Емона Јованоска и Гордица Димитриевска Груевска ги одбра најдобрите и тоа:

Во категоријата најдобра песна

1 место за Теона Ацеска од I-7
2 место Андреј Стојкоски од III-7
3 место Симона Паскоска од III-5

Во категоријата најдобра фотографија

1 место Маја Атанасоска од IV-8
2 место Христијан Спиркоски од I-2 и
3 место Давод Талески од I-1

   Присутните во училишниот двор имаа можност да ги слушнат наградените песни и да ја погледнат изложбата од најдобрите фотографии.

   Беше организиран и еко-квиз натпревар за учениците од прва година. Учениците се натпреваруваа во знаење за планетата Земја од областа на Географијата, Физиката и Биологијата.
   Жири-комисијата во состав од професорите Владо Чакароски, Милка Трајкоска и Петкана Цветкоска за најдобри ги прогласи учениците од I-6 клас.

   Оваа манифестација ја збогатија и ведрите звуци на музичарите и пејачите од Гимназијата под менторство на проф. Татјана Иваноска.
На крајот беа спортските игри во кои учествуваа ученици професори и родители.

екологија ден на екологијата

ден на екологијата на денот на екологијата

на денот на екологијата еко квиз

за денот на екологијата

   Во организацијата и реализацијата на овој еко-ден учествуваа и педагогот Светлана Барлакоска и професорите Виолета П. Велкоска, Снежана Тодорческа , Николче Богданоски и Дејан Стерјоски.


Објавено на: 24 Мар 2017

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија