МК | EN | FR | DE
Нашите гимназијалци, продолжуват со постигнување на врвни резултати и овојпат во областа на природните науки.
На државниот натпревар по биологија кој се одржа на 23.04.2016 год во Природно –математичкиот факултет, на Институтот по Биологија, во организација на Друштвото на биолози на Р. Македонија, пет ученици постигнааа одлични резултати.
Учениците од трета година:
- Јована Костоска освои I место,
- Никола Желчески- освои II место и
- Александар Ристески –освои III место,
сите под менторство на проф. Милка Трајкоска.
Со награди се вратија и учениците од прва година:
- Галена Аризанкоска oсвои III место и
- Викторија Здравеска која освои III место,
под менторство на проф. Софија Крстеска.
Пофалници за успешно учество им беа доделени на Марија Андоноска, Милена Тасевска и Виктор Николоски
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.