МК | EN | FR | DE
На 23.04.2016г. во просториите на СУГС „Јосип Броз Тито“ се одржа педесет и вториот државен натпревар на „Млади истражувачи“ организиран од Народна техника на Македонија.
Нашите ученици, секоја година учествуваат на натпреварите и секогаш освојуваат повеќе награди.
И оваа година продолжи ваквата традиција.
Гимназијалците натпреварувачи во различни области од науката и техниката, во конкуренција на ученици од средните училишта од цела Македонија, од натпреварот се вратија со седум медали и тоа:
I место - Маја Атанасоска (во областа Веб дизајн). Ментор: проф.Анета Стојческа
I место - Елена Спиркоска (во областа Примена на софтвер). Ментор: проф.Анета Стојческа
I место - Филип Србиноски (во областа Еколошка хемија). Ментор: проф.Блаже Димески
II место - Теодора Тасеска (во областа Органска хемија). Ментор: проф.Блаже Димески
II место - Ивана Дукоска (во областа Аналитичка хемија). Ментор: проф. Христина Манческа
II место - Искра Белческа (во областа Неорганска хемија). Ментор: проф. Христина Манческа
II место - Симона Димоска (во областа Енергетска ефикасност). Ментор: проф. Кирил Јосифоски
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.