МК | EN | FR | DE
Новото тениско игралиште во нашата Гимназија е скоро довршено. Останува уште да се поврзат рефлекторите на електричната мрежа за целосно да биде употребливо. Градежните работи на игралиштето се завршени.
Но иако сеуште официјално не е пуштено во употреба, сепак учениците и практично го тестираа. Го искористија сончевото време и одиграа некој сет. Сепак, овој прв тениски натпревар беше наменски. Фотографија од натпреварот е ставена во новиот училишен календар за 2017 година.
Новото тениско игралиште ја прави нашата Гимназија - училиште со најдобри услови за спорт. Гимназијата има спортска сала, фитнес сала, вештачка карпа, повеќенаменско игралиште и сосема ново тениско игралиште.
фотографија: Бојан Илиески
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.