По повод 90 годишнината од постоењето, Научниот институт за тутун од Прилеп, на 17.12.2014год. во хотелот Кристал Палас, организираше свечена Академија на која се зборуваше за историјатот, дејноста, научните достигања и соработката на Институтот со другите научни институции од државава и надвор од неа.
За свеченоста да биде повпечатлива, свој придонес имаа и нашите ученици кои со своите настапи го збогатија овој настан.
Гимназискиот хор под диригентство на нашата професорка М-р Татјана Иваноска исполни три нумери, Теодора Сиљаноска ја рецитираше песната „Тутуноберачите“ а Бојан Јорданоски и Стефанија Дукоска ја рецитираа песната „Копачите“ од Кочо Рацин. Нашите хористи и рецитатори изнудија долготрајни бурни аплаузи од присутните гости и од домаќините.
Благодарност до директорката на Научниот институт за тутун, Д-р Гордана Мицеска, за отстапените фотографии од настанот
Објавено на 25.12.2014
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци