По повод 21 Февруари, меѓународниот „Ден на мајчиниот јазик“ на 20.02.2015 во (петок) младинската заедница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ заедно со професорката по македонски јазик и литература Емона Јованоска организираше ораторска вечер на тема „Говор за Мајчиниот јазик“. На оваа ораторска вечер со свои говори и ставови за мајчиниот јазик се претставија 14 ученици од сите 5 средни училишта во нашиот град и тоа:
- Од СОУ „Кузман Јосифоски - Питу“ настапија Теодора Тодороска, Ирена Велјаноска и Мартина Темелкоска;
- Од СОУ „Ристе Ристески -Ричко“ настапи Ѓорѓи Сиракоски;
- Од СОУ „Ѓорче Петров“ настапија Јуле Атанасовска, Глорија Талеска, Тамара Тодороска и Василиј Митрески;
- Од СОУ „Орде Чопела“ настапи Емилија Чавлеска;
- Од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ настапија Сара Нешкоска, Илчо Лешникоски, Бранка Иваноска, Филип Димоски и Христина Ангелеска.
Водители на вечерта беа Ева Антулеска и Филип Ѓорѓиоски.
Ментори на учениците - оратори им се професорите по Македонски јазик и литература: Лидија Паноска, Цеца Видова Трајческа, Камелија Галева, Билјана Тинтоска, Анета Бунеска, Весна Михаиловска, Мартин Наумоски и Емона Јованоска.
Стотина ученици и други гости во публиката, со своето присуство ја докажаа почитта и грижата кон мајчиниот јазик.
На крајот на настанот, директорот на гимназијата, Кире Николоски на сите учесници и ментори им додели благодарници.
Фотографија: Христијан Јанкоски
Објавено на 21.02.2015
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци