На 19 Септември во Крива Паланка се одржа 24-тиот државен натпревар по прва помош во услови на емигрантска криза.
Екипата од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп која победи на општинскиот натпревар во состав: Теодора Стеваноска (капитен), Петар Тодороски, Косара Блажеска, Искра Димоска, Јана Наумоска, Елеонора Михаиловска и Андреј Кироваков под менторство на Ѓоргиоски Гоце, учествуваше на овој натпревар. Екипата беше сместена во спортската сала „Петар Поп-Арсов“ каде што беа сместени и останатите 30 екипи.
Капитенот на екипата изјави: „Искуството беше прекрасно, во изминатите два дена стекнавме многу нови пријатели, резултатите беа подобри од очекуваното и се надеваме на подобар успех следната година во Гази Баба- Скопје.“
Гимназијата по 20 пат ја претставуваше Општинската организација на Црвен Крст - Прилеп, како победник на општинските натпревари 20 години со ред, а на државните натпревари 2 пати беше државен првак и учествуваше на европските натпревари во Прага, Чешка и во Велс, Австрија.
Објавено на 21.09.2015
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци