МК | EN | FR | DE
На 5 мај се одржа државното првенство во атлетика организирано од страна на Федерацијата на училишни спортови.
Нашите ученици од првенството се вратија со 2 златни медали.
Ученикот Леонид Вандески го освои првото место во дисциплина - Трчање на 1000м.
Ученичката Дафина Настеска го освои првото место во дисциплина - Фрлање на ѓуле.
И останатите наши ученици постигнаа завидни резултати. Ментор на нашата гимназиска екипа по атлетика е професорот по спорт Даниел Василески.
Конкуренцијата беше силна но чуството да се настапува на патеката на националната арена беше прекрасно.
Гимназијата секогаш била и е расадник за спортски таленти.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.