МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Прилепската гимназија со европски знак за квалитет

 

Европски знак за квалитет

    Нашето  училиште мината учебна година беше вклучено во проектот “Digital Friendship” на eTwinning мрежата кој се реализра од јануари 2017 до мај 2017 год. Во проектот беа вклучени 18 ученици од трета година под менторство на професорката по информатика Анкица Стеваноска Јанческа. Проектот опфати 220 ученици и  23 наставници од основни и средни училишта од Македонија, Хрватска, Србија, Португалија, Шпанија, Бугарија, Полска, Турција, Грција, Литванија, Романија, Германија и Ерменија.
     Цели на проектот беа:
-    комуникација меѓу ученици од различни земји со цел размена на идеи и сугестии за користење на различни дигитални апликации за презентација, видео, музика, слика  и сл.
-    споделување на дигитални ресурси ;
-    подобрување на ИКТ вештини кај учениците;
-    подобрување на англискиот јазик кај учениците,
-    размена на информации  меѓу  учениците од цела Европа за нивните навики, култури и начин на живеење (виртуелно запознавање)

   За успешно завршениот проект, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ доби  знак за квалитет (Quality label)  на  eTwinning  мрежата од централната и националната  агенција за поддршка на  eTwinning  и  Erasmus+, но исто така  доби и признание од повисоко ниво – Европски знак за квалитет (European Quality Label) - со кој може да се аплицира за награда на eTwinning мрежата за 2018 год.
   Исто така во рамките на "Move2Learn, Learn2Move" иницијативата организирана од Европската комисија за образование и финансирана од ERASMUS+ програмата, проектот “Digital Friendship” доби награда – патување во Загреб, Хрватска на учесниците во проектот со посета на партнер училиштето II Gimnazija, кое треба да се реализира од 08-11-2017 до 12-11-2017 год.


Објавено на: 28 Окт 2017

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија