МК | EN | FR | DE
На 20.12 2016 по повод Божик се одржа Француско-македонска Божикна вечер, организирана од волонтерите на Младинскиот советодавен центар ИНФО СЕГА, на која учество зедоа ученици од основните училишта „Кочо Рацин“ „Блаже Конески“ „Кире Гаврилоски“ „Добре Јованоски“ и средните училишта „Кузман Јосифоски - Питу“ и Гимназијата „Мирче Ацев“
Учениците од Гимназија под менторство на професоркката Мирјана Бошкоска се претставија со неколку песни и краток комичен скеч.
Ивана Наумоска ја отпеа песната "DERNIERE DANSE", Магдалена Кузманоска се претстави со песната "ELLE" а Михаел Милошески со "TOMBE LA NEIGE"
Скечот "LE NEZ DE RODOLPHE" ја насмеа публиката, а ученичките Лиле Ристеска и Боркица Тинтоска успешно ја завршија водителската задача.
Оваа вечер беше уште еден настан каде гимназијалците успешно се претставија себе си и нашата Гимназија.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.