МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Нови врвни успеси по географија

 

prvo-vtoro-treto-mesto-po-geografija

   Во саботата на 01.04 .2017година иако беше ден на шегата, за учениците од нашето училиште беше сериозен ден за реализирање на регионалниот натпревар по географија. Па така во просториите на  ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп се одржа регионалниот натпревар за основните и средните училишта на кој зедоа учество  учениците од општините Прилеп, Крушево , Македонски Брод , Кривогаштани и Долнени.

   Учениците од нашата Гимназија победнички застанаа на врвот.

- Христијан Стомнароски со освоени 97 поени го освои првото место,
- Ана Димоска со освоени 95 поени го освои второто место,
- Галена Аризанкоска со освоени 92 поени го освои третото место

   Ментор на Христијан и Ана им е професорката по географија Виолета Проскоска Велкоска,а на Галена ментор и е професорот по географија Владо Чакароски.

   Со овој успех учениците од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп и оваа година се пласираа на државниот натпревар кој ќе се одржи на 05.05.2017 во Скопје.


Објавено на: 05 Апр 2017

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија