МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Камен темелник на ново тениско игралиште

 

   Денес во нашата Гимназија, поставен беше камен темелник на идното тениско игралиште, кое ќе им служи на гимназијалците за спорт и рекреација. Се очекува игралиштето да биде завршено до крајот на оваа година, доколку дозволат временските услови.

план за тениското игралиште

   Во градежниот план на проектот се предвидува поставување на т.н. тврда подлога за надворешни услови по стандарди на Интернационалната тениска федерација. Теренот ќе биде опремен со стандардна тениска опрема и ќе биде заграден со пластифицирана мрежа висока 3,4 метри. Исто така ќе бидат поставени четири челични столбови за осветлување на теренот за вечерна употреба.

Најава директорот на гимназијата

   На скромната свеченост пред многу ученици, вработени и гости, се обрати Директорот на Гимназијата, Кире Николоски, кој посочи повеќе проекти реализирани во последните неколку години како што се Нова пластична дограма, фитнес сала, нови подови во училниците, нова ограда околу целото училиште, ново повеќенаменско спортско игралиште и други проекти со кои се подобруваат условите за учење и работење во Гимназијата.

градоначалникот на Прилеп градоначаник тениско игралиште - Прилеп

   Градоначалникот Марјан Ристески, во своето обраќање потенцираше дека локалната самоуправа многу вложува за спортот во општината и дека гимназијата и гимназијалците заслужуваат да имаат најдобри услови за учење и за спортување.

Агенција за спорт и млади присутни тениско игралиште Прилеп

   Потоа, говореше и Марјан Спасески, директорот на Агенцијата за млади и спорт кој напомена дека Агенцијата ќе продолжи да ги поддржува добрите иницијативи за подобрување на условите за спорт, инфраструктурно и генерално.

Андон Дончески тенис Андон Дончески гимназија Прилеп

   На крајот порка за значењето на спортот кај младите луѓе упати најпознатиот спортски работник во Македонија, Андон Дончевски, по што се пристапи кон поставувањето на камен - темелникот.

 

   Со тениското игралиште, нашата Гимназија ќе биде училиште со најдобри услови за спортски активности на учениците.

   Во училиштето има спортска сала, вештачка карпа за качување, фитнес центар, повеќенаменско отворено игралиште, а планирано е да се направат уште неколку помали терени за неколку атлетски дисциплини.

 


Фотографија: Димитар Трајкоски


Објавено на: 14 Сеп 2016

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија