Во периодот од 1ви до 9ти Септември во полскиот зимски центар Закопане, се одржуваше интернационалниот „SEE ME“ семинар за толеранција и човекови права претставени преку уметност и уличен театар.
Н.О. „Жетва на знаење"- Прилеп во соработка со гимназијата „Мирче Ацев" го формира тимот кој ја претставуваше нашата држава на семинарот. Тимот го сочинуваа учениците: Роберта Ацеска, Катерина Глигороска, Деспина Јосифоска, Андреј Петрески и Давид Јакимов, под лидерство на професорот Мартин Наумоски.
Членовите на тимот успешно го претставија нашето училиште, нашиот град и нашата држава.
Објавено на 15.09.2015
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци