МК | EN | FR | DE
Во петокот, на 09.09.2016год. Младинската организација при Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп, организираше хуманитарна забава. Забавата се одржа во „Кафе Вирус“. За забавата имаше голем интерес кај учениците и професорите, што се покажа со големата посетеност.
Сите сретства собрани од настанот, заедно со сретствата кои ќе бидат собрани од планираниот спортски турнир, се наменети за настраданите семејства од поплавите во Скопје.
И овојпат, учениците од Гимназијата ја покажаа својата хуманост на дело.
Фотографија: Бојан Илиески
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.