МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Уште една хумана акција на нашата Гимназија

 

Humana akcija vo bitola

   Во чест на Св.Никола чудотворец - заштитникот на децата, со цел да се поттикнат учениците, вработените, но и сите други категории на граѓани на солидарност, хуманост и несебично да ги споделат своите материјални и духовни вредности, Младинската организација на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп, спроведе хуманитарна акција преку собирање на секое останато денарче наместо во џеб, учениците да го остават во самоиницијативно направените касички од обоени тегли.
  Собраните парични средства од учениците беа наменети за децата згрижени во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца - Битола. За децата обезбедени беа сретства за лична хигиена и пригодни подароци, но најголем подарок за нив беа песните и забавата кои за нив ги приредија нашите ученици. Песни со гитари, препознатливите цртани ликови Маша и Медвед и Мики Маус и повеќе шарени балони измамија искрени насмевки и радост кај децата а просторијата ја исполнија со среќа и љубов.

маша и медвед masa i medved
Гимназијалците во Битола

Гимназијалците во Битола Гимназијалците во Битола

Гимназијалците во Битола Гимназијалците во Битола

слика битола bitola gimnazija

   Ваквата хумана акција на учениците од нашето училиште не е прва, а нема да биде ни последна. Веќе неколку години наназад Гимназијата реализира вакви и слични акции во градот и пошироко.
bitola gimnazija


Објавено на: 23 Дек 2016

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија