МК | EN | FR | DE
Младинската Организација при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп организираше уште еден успешен хуманитарен настан со цел да им се помогне на настраданите семејства од поплавите во Скопје.
Уште еднаш учениците на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп ја покажаа својата хуманост и желба да помогнат таму каде што е најпотребно.
Турнирот во мал фудбал се одржа на ден 16.09.2016(петок) во спортското игралиште на гимназијата. На турнирот учествуваа 20 екипи кои играа по „нокаут“ систем.
За реализација на овој турнир најзаслужен беше секторот за спортски активности при Младинската Организација кој го сочинуваат Стефан Спиркоски, Илија Ристески, Александра Илиеска, Мариа Дисоска, Михаела Трајкоска, Марија Цветаноска, Доротеа Дамјаноска и претседателот Панче Патоски.
Фотографија: Петар Кироваков
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.