Новата година ни е на прагот, а деновите пред новогодишните празници се денови за насмевки и среќни лица. Затоа Младинската заедница и учениците од Гимназијата „Мирче Ацев“ на 28.12.2015 ги посетија децата со посебни потреби од училиштето „Климент Охридски“ од нашиот град. Со пригодна програма од рецитации и музика ги насмеавме лицата на овие деца. Задоволството беше уште поголемо кога учениците од Гимназијата и Дедо Мраз им подарија пакетчиња.
За пакетчињата се погрижија нашите пријатели од ВИТАМИНКА АД, КОМФИ АНГЕЛ и Т.А. БРАН
Напишано од: Елеонора Михаиловска
Фотографија: Христијан Јанкоски
Објавено на 31.12.2015год.
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци