MK | EN | FR | DE

logo
Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
  • gimnazija

    Нашето училиште

  • nagradi

    Успесите се наше секојдневие

  • vo opstina

    Во посета на Градоначалникот

  • gimfest

    ГИМФЕСТ - најдобриот училишен музички фестивал во Македонија

  • odbojka

    Ни нема рамни во одбојка

  • nagradi vo ucilisteto

    Освојуваме многу државни и меѓународни награди

  • procka

    Се забавуваме за Прочка

  • rock and roll

    Гимназискиот рок бенд

  • makedonium

    Го почитуваме минатото

  • fudbal

    Најдобри сме во фудбал

  • teatarska pretstava svejk

    Учествуваме во многу културни случувања во градот

  • nagradeni ucenici

    Математика, информатика, програмски јазици ...

  • gimnazijalci vo mtv

    Гимназијалците на МТВ

  • gimfest 2

    Гимназиска група игра модерен балет

  • gimnaziskiot hor

    Гимназискиот хор, најтрофеен хор во Македонија

  • karieren centar

    „Градиме кариера“ во гимназискиот кариерен центар

  • moda od otpadoci

    Креативноста на дело: "TrashFashion"

  • orkestar

    Гимназискиот оркестар

  • rok grupa

    Гимназиска музичка група

Проф.Блаже Димески објаснува експеримент

И ПРОФЕСОРИТЕ СЕ НАША ГОРДОСТ

    Факт е дека во нашето училиште наградите и признанијата за учениците доаѓаат во континуитет. Овојпат посебно ни е драго што една престижна награда дојде во рацете на професорот по хемија – Блаже Димески. Тој е долгогодишен професор во Гимназијата,  меѓу учениците познат како одличен предавач и педагог,  непосреден во пристапот,  духовит и секогаш расположен за разговор. Еве што ни одговори во краткото интервју:

1. Професоре, најнапред да Ви честитам за добиената 3-то Ноемвриска награда.

   - Благодарам, а тебе ти посакувам да ја добиеш Пулицеровата!

2. Неспорно е дека сте успешен професор, тоа го потврдуваат Вашите дела и постигнатите резултати со учениците во областа на хемијата. Како се чувствувавте и дали ја очекувавте оваа награда?

   - Кога се припремавме за натпреварите, не ни помислував за вакво нешто. И четири месеци потоа директорот Николоски ми вели „ќе те предложиме за 3то Ноемвриска награда “ Најпрво бев изненаден, затоа што и порано сме имале успеси на разни натпревари, но најчесто тие остануваа, благо речено, незабележани.
    И да не ја добиев наградата, доста ќе ми беше номинацијата оти ете,  барем некој ја забележал работата и напорот вложени како на редовните часови така и  во воннаставните активности.
    А потоа кога и официјално ги кажаа добитниците на оваа награда, доживеав такви емотивни моменти, состојби што тешко може да ги опишам, а уште потешко ќе ви биде Вас да ги разберете: прво радост, гордост, па сатисфакција, па паника (леле кој ќе оди по разни протоколи, камери..) па нервоза, па пак се од почеток.
    А за тие што не знаат, наградата ми е доделена за: особен придонес во развојот на образовниот процес од областа на хемијата. Имено, како ментор на талентирани ученици за 14 години имам освоено дваесетина награди (I, II, III) места) на разни напревари но оваа година постигнавме огромен успех освојувајќи 4 први места и тоа:
    На натпреварот на Народна техника учествуваа три натреварувачи и сите тие освоија
I место во својата категорија:
    Пашовска Јана-Аналитичка хемија
    Тасевска Теодора-Еколошка хемија
    Петкоска Теодора-Неорганска хемија
    Првпат оваа година ПМФ-Хемија организира Натпревар во знаења (еквивалент на математичка олимпијада) на која учествуваа 380 талентирани ученици од сите државни и приватни училишта од Македонија и како ментор на ученици од I и II година ги освоивме сите први, втори и трети места и на Општинскиот и на Регионалниот натпревар. На државниот натпревар I место освои Неделкоски Стефан кој патем речено на сите три натпревари имаше најмногу бодови од сите во државата,  а исто така и лани освои
II место на натпреварот на Народна техника.

Народна техника први места за хемичарите   Гимназиските хемичари

 3. Која е тајната на Вашиот успех?

   - Ако ти ја кажам нема да биде тајна!
    Се шегувам!
    Професорите од гимназијава се на слатки маки кога треба да изберат ученици за натпревар. Јас на пример се чувствувам како Мурињо во Челзи: има толку многу потенцијал и талент што бара само внимание и правилно насочување. Tоа се природни дијаманти кои  само треба  да се исполираат... Ќе ти кажам конкретен пример, за натпреварите од Народна техника потребно е изработка на проект, научно-истражувачка работа која е нешто ново, применливо и експериментално подржано. И сега кандидатот може да е најдобриот,  теоретски најпоткован а да е „тремаџија“. Една истурена капка, една несигурност, треперење на раката и се ќе падне во вода,  сиот труд и сета мака. Од друга страна за Олимпијадата покрај хемијата кандидатот мора перфектно да владее  со математиката. За среќа реков ги имаме сите барани квалитети на „Марксова 96 а“

екипа хемија на ПМФ хемичари

4. Како ги поттикнувате и мотивирате учениците за постигнување на високи резултати?

   - Што се однесува до мотивацијата, многу е тешко да се избалансира, не чини ни премногу еуфорија и оптимизам,  а ни песимистичка рамнодушност. Во првиот случај ако се доживее неуспех, се јавува разочарување, а во вториот случај како кандидатот да се натпреварува „ради реда “ т. е колку да се речи.

5. Каков однос воспоставувате Вие со Вашите ученици?

   - За односот со учениците најмеродавни се самите ученици да кажат. Јас се трудам часовите да минат во пријатна, нестресна атмосфера и да не добијат „фобија“ од хемијата а да научат тоа што треба. Кога се работи,  се работи како што доликува на час во гимназијата а се најдува време и за шеги и смеа.

6. Појаснете го накратко патот до успехот.

   - Патот до успехот е јасен: само работа, труд и малку среќа. Се надевам дека сегашните генерации ќе сфатат дека ретки се оние на кои се им е дадено на тацна,  а дека другите сами мора да ја исковаат својата иднина. Има еден виц – го прашале човекот како станал богат и тој им објаснува: „абе, најдов една ‘рѓосана игла,  ја зачистив и ја продадов. Со парите купив две ‘рѓосани,  ги исчистив, ги продадов и купив четири ‘рѓосани. И така,  по некое време умре тетка ми и ми остави 100 милиони евра!“
    Значи поентата е што е пишано ќе биде!

7.Која е вашата порака до нас учениците?

   - Прво сакам  да ви кажам дека првиот исправен чекор  што  сте го направиле во животот  е што се запишавте тука,  во Гимназијата. Може сега ви е тешко,  напорно,  нервозно,  се чувствуваат оптоварени но имајте на ум: тука добивате КОРЕНИ И КРИЛЈА. Кој сфати сфати,  кој не ќе сфати подоцна!!!

Ви благодарам за одвоеното време и Ви посакувам Вашата работа да се закитува со уште многу успеси.

(Интервјуто со професорот Блаже Димески, добитник на наградата  „3ти Ноември“ го водеше Бисера Мицеска III-1 клас)

12.11.2014 год

Гимназијата на:

 

Други настани:



Убавините на природата
Убавините на природата

Барем на миг да им подариме љубов
Барем на миг да им подариме љубов

Љубовден
Љубовден

Трето место за најдобар есеј
Трето место за најдобар есеј

Трето место за Леона
Трето место за Леона

Одбележување на „Светскиот ден на детето“
Одбележување на „Светскиот ден на детето“

Хуманитарен турнир во одбојка 2018
Хуманитарен турнир во одбојка 2018

Гимназијалците, најдобри рецитатори и поети
Гимназијалците, најдобри рецитатори и поети

Погледни повеќе настани во нашата WWW архива >>

 
 
Оди најгоре