MK | EN | FR | DE

logo
Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
  • gimnazija

    Нашето училиште

  • nagradi

    Успесите се наше секојдневие

  • vo opstina

    Во посета на Градоначалникот

  • gimfest

    ГИМФЕСТ - најдобриот училишен музички фестивал во Македонија

  • odbojka

    Ни нема рамни во одбојка

  • nagradi vo ucilisteto

    Освојуваме многу државни и меѓународни награди

  • procka

    Се забавуваме за Прочка

  • rock and roll

    Гимназискиот рок бенд

  • makedonium

    Го почитуваме минатото

  • fudbal

    Најдобри сме во фудбал

  • teatarska pretstava svejk

    Учествуваме во многу културни случувања во градот

  • nagradeni ucenici

    Математика, информатика, програмски јазици ...

  • gimnazijalci vo mtv

    Гимназијалците на МТВ

  • gimfest 2

    Гимназиска група игра модерен балет

  • gimnaziskiot hor

    Гимназискиот хор, најтрофеен хор во Македонија

  • karieren centar

    „Градиме кариера“ во гимназискиот кариерен центар

  • moda od otpadoci

    Креативноста на дело: "TrashFashion"

  • orkestar

    Гимназискиот оркестар

  • rok grupa

    Гимназиска музичка група

Верица во Советот на Европа

ПОЛИТИКАТА, КАКО ИДНА ПРОФЕСИЈА

     Нашата ученичка Верица Попоска, во почетокот на ноември годинава, престојуваше во Стразбур, Франција, на Светскиот форум за демократија. За нејзините активности и впечатоци, направивме кратко интервју со неа.

1. Како дозна за настанот?

    - За настанот дознав преку интернет, како што и течеше цела апликација која вклучуваше CV, мотивационо писмо, видео одговори на прашања, интервју и од месец Август работевме активно на онлајн платформа.

2. Која беше целта на настанот и каква беше организацијата?

    - Настанот вклучуваше 230 млади од цел свет, делегати од секоја земја. Од Македонија бевме 5. Светскиот форум за демократија е годишен собир на лидери, креатори на јавното мислење, активисти на граѓанското општество, претставници на бизнисот, академските институции, медиумите и професионалните групи за да дебатираат за клучни предизвици за демократиите во светот. Бидејќи Советот на Европа за прв пат реши да му посвети целосно внимание на младите, всушност ние бевме главната тема (Колку младите се вклучени во парламентот, од кога младите треба да почнат со гласање, колку и како се вклучуваат во политиката и колку имаат критичко мислење).

Советот на Европа3. Како ги поминувавте деновите, каде и што работевте и кои беа вашите цели?

     - Работевме во лабаратории и прототипи првенствено во Младинскиот Совет на Европа и потоа во самиот Совет на Европа каде се одржуваат заседанијата што за мене беше големо искуство. Мојата лабараторија гласеше „Разбирање на демократијата“ предводена од Г-дин Jean-Marie Heydt, претседател на Конференцијата на меѓународни невладини организации на Советот на Европа. Имавме за цел да ја доближеме на наједноставен начин  демократијата до најмладите и за таа цел се креира Android, iOS игра „SIM Democracy“ под менторство на Г-дин Rainer Adam, регионален директор од Германија, која е интерактивна едукативна алатка и симулира една демократска заедница. Ви препорачувам да ја симните и пробате.

 4. Какви се твоите впечатоци?

    - Секако после соработките со успешни лица меѓу кои Harlem Désir (министер за европски прашања -Франција)  и Thorbjоrn Jagland (Генерален секретар на Советот на Европа) сеуште сум под големи импресии. Ме фасцинира нивната едноставност  и се разбира еден ден сакам да бидам дел од тој круг.

За збор Во клупите на Советот на Европа

5. На какви студии би сакала да продолжиш во иднина и во која држава?

     - Студиите сакам да ги продолжам на политички или правни науки, во некоја од земјите на Европската Унија, но имам желба повторно да се вратам во Македонија бидејќи чувствувам голема одговорност за мојата земја.

група во Советот на Европа

Пред Советот на Европа

Ти благодарам за одвоеното време за интервјуто и ти посакувам да ти се исполнат желбите.

И јас ти благодарам на посветеното внимание.

 

(Интервјуто со Верица го водеше Бисера Мицеска III-1 клас)

22.11.2014 год

Гимназијата на:

 

Други настани:



Аларм за природата 2018
Аларм за природата 2018

Нови успеси по ликовна уметност
Нови успеси по ликовна уметност

Втора интеркултурна размена во Троген, Швајцарија
Втора интеркултурна размена во Троген, Швајцарија

Поетска вечер на странски јазици
Поетска вечер на странски јазици

Први по прва помош
Први по прва помош

Четири награди од државниот натпревар по хемија
Четири награди од државниот натпревар по хемија

Прилепските одбојкарки на тронот
Прилепските одбојкарки на тронот

Две први и една втора награда по географија
Две први и една втора награда по географија

Погледни повеќе настани во нашата WWW архива >>

 
 
Оди најгоре