МК | EN | FR | DE
На 27.12.2017 г. со почеток во 13:00 ч. беше отворена уметничка ликовна изложба, организирана по повод Патрониот празник на нашата Гимназија која го носи името на македонскиот револуционер Мирче Ацев.
Учениците ги изработија своите уметнички дела водејќи се од својот талент, идеја и мисла и поттикнати од внатрешниот уметнички немир да го изразат тоа што го носат длабоко во себе. Ликовните дела се засновани врз ликовните елементи и принципи, притоа користејки ја најмногу линијата која е употребена како суштинска вредност во секое дело. Како средство за искажување на мислата и визуелната перцепција, линијата е потпомогната и со обликот и бојата создавајќи неразделен спој. Во овие уметнички ликовни дела е прикажана мислата и моментот во којшто живеат, учат и творат учениците.
Изложбата ја подготвија и организираа ученици од прва, втора, трета и четврта година, заедно со своите ментори, професори по ликовна уметност Гордица Димитриевска - Груеска, Александар Џинго и Марта Кузмановиќ, со поддршка на директорот Димче Настоски и тимот за одбележување на Патрониот празник.
фотографија: Горан Попоски
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.