МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Јас имам сон

 

јас имам сон

  
   Традицијата треба да се почитува. Традицијата треба да се негува. Квалитетот, дарбата, талентот и макотрпната работа треба да излегуваат на виделина. Токму овие елементи, веќе четири години со ред , на овој ден,14.02, младите гимназијалци ги спојуваат во единство и ни приредуваат мигови за паметење. Оваа година,14.02.2017, беше резервиран за сценско-музички настан во кој се зборуваше за Св Трифун, за љубовта, но и за теми кои длабоко допираа до сите присутни во салата на кино Мис Стон, која беше претесна да ги собере сите заинтересирани за овој настан. Учениците од прва до четврта година во Гимназија „Мирче Ацев“, во 5 чина испреплетени со музички точки ни покажаа дека мораме и треба да веруваме дека почитта, љубовта, среќата, традицијата се работи кои никако не смееме да ги забораваме туку напротив да ги негуваме.

   Настанот наасловен како „Јас имам сон...“ ги донесе суштинските прашања како дали сме среќни, дали имаме храброст да сонуваме и кој би бил нашиот животен стих. Се на се, ноќ за паметење за присутните и овации за главните актери на овој настан: Стефанија Стефаноска, Деспина Сиљаноска, Филип Димовски, Сара Спиркоска, Александра Илиеска, Теодора Тасевска, Надица Дојковска, Дарио Илиоски, Александра Кочоска, Огнен Цветаноски, Ева Димовска, Ангела Милошеска, Андреј Таневски, Стефан Костоски, Бистра Петреска, Магдалена Кузманоска, Ангела Зероска, Ивона Нанческа и Филип Шабаноски.

 

  Одговорни професори за овој настан беа: Мартин Наумоски, Наталија Гарбеска и Тони Атанасоски

 

фотографија и видео: Бојан Илиески и Петар Кироваков
сликари

 


Објавено на: 15 Фев 2017

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија