МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Уникатен, оригинален гимназиски календар за 2017 година

 

календар 2017

   На три недели пред Новата 2017 година, гимназијата „Мирче Ацев“ го промовира својот училишен календар.
   Издавањето на календар е традиција на гимназијата, а на страниците на календарот се промовираат успешни и креативни ученици.
   Оваа година гимназијата го претстави својот невообичаен, уникатен календар, на кој низ 13 страници се прикажани фотографии од гимназиските настани и од активностите на учениците.
   Низ календарот опфатени се само неколку од настаните кои традиционално се случуваат секоја година и тоа: одбележувањето на патрониот празник на училиштето, Прочка, Француската вечер, Trash Fashion, ГИМФЕСТ, приемот на наградените ученици и нивните ментори кај Градоначалникот, повеќедневната екскурзија низ Европа, доделувањето на дипломите на матурантите, почетокот на новата учебна година, спортските активности на новото тениско игралиште, Ораторската вечер и спортските успеси на учениците.
   Фотографиите се од оваа учебна година и од неколку години наназад и се дело на учениците Бојан Илиески, Христијан Јанкоски, Горан Попоски и Ѓорѓи Десподов, а една фотографија е „селфи“ дело на машката ракометна екипа од Гимназијата.

   За изборот на фотографиите и изгледот на календарот се погрижија професорите Гордица Димитриевска Груеска, Александар Џинго, Софија Крстеска и Николче Богданоски и директорот Кире Николоски.
   Календарот го дизајнираше и графички го обработи Николче Богданоски, а визуелно го дообликува М-р.Маринко Шлакески.


Објавено на: 07 Дек 2016

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија