По повод патрониот празник на нашето училиште, учниците од прва година, под менторство на професорката по ликовна уметност Гордица Димитриевска Груеска, организираа ликовна изложба со наслов „100 Години од раѓањето на патронот“. На изложбата учениците се претствуваат со своите уметнички таленти низ цртежи и слики инспирирани од ликовните уметници од почетокот на 20 век. Делата на современиците на нашиот патрон, Мартиноски, Пандилов, Коџоман, Лазески, Ачески, Личеноски и други, низ моливот, четката и бојата на нашите ученици ќе го красат нашето училиште во чест на Мирче Ацев.
Фотографија: Димитар Трајкоски
Објавено на 23.12.2015год.
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци