МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Ново меѓународно признание за „Лора“

 

olympia-in-dion-2017

   Во текот на месец септември во Дион, Грција, се одржа Меѓународниот младински театарски фестивал „Олимпија во Дион“ на кој зеде учество и Гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп.
   Оваа престижна културна манифестација која нема натпреварувачки карактер, е меѓународна и право на учество на истата имаат претстави од повеќе земји во светот според однапред утврдени критериуми.
   На овој фестивал, на 27 септември Гимназијата се претстави со монологот „Лора“ што е извадок од истоимената драма чиј автор, воедно и режисер е професорот по драмска уметност и англиски јазик Маринко Шлакески. Ликот на Лора, на сцената на театарот „МО“ во Катерини, го толкуваше ученичката Марија Митреска.
   Во духот на традицијата на фестивалот, почитта кон античките автори и домаќинот, претставата беше изведена на грчки јазик.

Marinko-lora-olympia-in-dion-2017

   Професорот Шлакески за искуството во Грција зборува само во суперлативи
„Беспрекорно организирана манифестација и одлично гостопримство од страна претседателот на фестивалот Танасис Бинтаси и координаторот на фестивалот г-ѓа Миранда Папа, е она што ќе остане како спомен од ова учество. Преполна сала, публика која со голем интерес и особено внимание ја проследи претставата, по што следуваше громогласен аплауз. По завршувањето на претставата публиката поставуваше прашања од артистички карактер што е само показател за успешноста на изведбата и од содржински и од уметнички аспект. Целиот вложен труд резултираше со Признание и награда за автентичност на драмски текст и изведба што беше повеќе од заслужено“

честитки за Марија на крајот на претставата

olympia-in-dion-2017-lora-marija-mitreska-marinko-slakeski

 

   Ова не е прв меѓународен успех на „Лора“ . Имено, во април оваа година, Марија Митреска ја доби највисоката Специјална награда за драмски лик на Меѓународниот театарски фестивал на француски јазик за ученици од средните училишта каде што се изучува тој јазик во Стара Загора, Бугарија.

 

    Неколку уметнички фото записи од настанот направи Панајотис Фтарас ( Παναγιώτης Φτάρας )

 


Објавено на: 04 Окт 2017

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија