МК | EN | FR | DE
Во септември, во Р.Грција, традиционално се одржува Меѓународен младински театарски фестивал „Олимпија во Дион“, на кој учествуваат избрани претстави од повеќе земји во светот.
Нашето училиште аплицираше за учество на фестивалот со монологот „Лора“. Организаторот според однапред утврдени критериуми, ја прифати нашата претстава и таа ќе учествува на оваа престижна културна манифестација.
Монологот „Лора“ содржи извадоци од истоимената драма чиј автор е професорот по драмска уметност и англиски јазик Маринко Шлакески кој воедно е и режисер на претставата.
Ученичката Марија Митреска го игра ликот на „Лора“, а за својот настап на француски јазик на меѓународниот театарски фестивал во Стара Загора - Р.Бугарија, доби Специјална награда за драмски лик.
Во духот на традицијата на фестивалот „Олимпија во Дион“, почитта кон кон античките автори и домаќинот, во Р.Грција претставата ќе биде изведена на грчки јазик.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.