МК | EN | FR | DE
Синоќа, на 14.08.2017 година во нашето училиште свечено беа доделени дипломите на 220 гимназијалци.
Директорот на оваа образовна установа, Кире Николоски, истакна дека и оваа генерација на матуранти е вистинска гордост за Прилеп и исто како и претходните генерации и таа се истакнала со врвни резултати постигнати на големиот број на државни натпревари и се докажала со низа културни и спортски активности.
Од свое име како и од името на професорите тој им посака се најдобро, да станат врвни интелектуалци со кои што ќе се гордее не само гимназијата „Мирче Ацев“ туку и градот Прилеп и Република Македонија.
На доделувањето на дипломите присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, кој на матурантите им посака успешно запишување на факултет и понатамошни успеси.
Поздравен говор одржа и првенецот на генерацијата 2013-2017, Теодора Тасевска, која им се забалагодари на професорите за нивниот вложен труд, а на своите соученици им ја честиташе матурата и им посака многу успеси во иднина.
По свечената церемонија, матурантите ги забавуваше електронското дуо Cyrillic.
фотографија: Горан Попоски
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.